Семејството на Шабан Шаулиќ ќе го тужи Алсин Левант, кој го предизвика судирот во кој пејачот загина на 17 февруари. Нивната намера е Турчинот кој возел пијан и без возачка дозвола, и тоа украден автомобил, да добие што поголема казна, а планираат и да наплатат отшетата за претрепена болка поради загубата на саканиот член на семејството.

Тие можат да добијат повеќе од 300.000 евра колку што пејачот би заработил од најмалку 20 договорени настапи за 2019 година.

Иако германската полиција и обвинителството по службена должност ќе ја процесуираат постапката, тие не сакаат да седат со скрстени раце. Сега се распрашуваат колкава казна може да добие Алсин, поточно колку години ќе помине во затвор. Тоа првенствено сакат да го направат тоа, како Турчинот веќе не би предизвикал ваква трагедија и уште некое семејство да завие во црно- вели извор близок на семејството.

Гордана наводно се распрашала и колкава финансиска оштета може да наплати од Алсин. Иако парите нема да и го вратат маж и, има план како ќе ги инвестираат парите. Имено, семејството на Шабан решило од куќата во Шабац да направи музеј за Шабан, па парите ќе ги вложат таму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.