Данкан Лоренс, холандскиот претставник на овогодишната „Евровизија“, допрел до срцата на милионите луѓе што го следат овој натпревар и иако многумина ја почувствувале специфичната емоција на песната „Arcade“, малкумина навистина знаат колку тешка животна приказна се крие во овие стихови.

Имено, во едно интервју, 25-годишниот пејач, победник на „Евровизија“, открил дека инспирацијата за оваа нумера потекнува од голема болка.

Ме инспирираше прераната смрт на личноста што ја сакав. ’Arcade’ е приказна за потрагата по љубовта на својот живот. Таа претставува надеж дека може да се достигне нешто што понекогаш и не е баш возможно, изјавил Данкан и не сакал да изнесува повеќе детали околу тоа, освен што потенцирал дека се работи за навистина рана животна доба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.