Српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ преживеа драма кога извесен О.Л. упадна во нејзината вила на Кипар и таму помина неколку дена. До неодамна, вилата на Кипар во Аја Напа беше место каде таа и нејзините деца Вељко и Анастазија доаѓаат да се одморат и да бидат далеку од медиумското внимание.

Таа се наоѓа во слепа улица во Аја Напа, но сепак пејачката вели дека туристите најмногу ја фотографираат.

Овде има четири куќи но најмногу ја сликаат мојата. Случајно дојов овде на одмор со децата, ми се допадна местото и пределот, мирно е, климата е пријатна, рече во една прилика српската ѕвезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.