Ѕвездата на филмовите за возрасни, Џесика Џејмс почина на 40-годишна возраст. Aмериканката актерка и модел била пронајдена во бесвесна состојба од страна на нејзиниот поранешен сопруг во нејзиниот дом во Лос Анџелес, кој бил да ја провери, откако таа со денови не му одговарала на позивите.

Лекарите од Брзата помош на лице место ја прогласиле за мртва.

Извор од полицијата за американските медиуми, вели дека причината за смртта засега не е позната, а истрагата е сè уште во тек. Полицијата, исто така, во нејзиниот дом пронашла бројни антидепресиви кои актерката ги користела поради психичките проблеми.

Со вистинското име Џесика Рединг, во порно-индустријата влегла во 2002 година. Како уметничко име го избрала своето вистинско име и името на нејзиниот тогашен љубовник Џејмс. Тогаш имала 26 години, а на пазарот се пробила на 28 години кога потпишала договор со една од најголемите порнографски мрежи „Hustler“. Во 2005 година ја добила наградата на магазинот „Hustler“ – „Honey of the Year“.

Џесика во својата кариера глумела во повеќе од 200 филмови за возрасни, а имала и своја интернет страница со ексклузивна содржина. Се појавила и во шоуто на Хауард Стерн.

Учела на воениот институт Њу Мексико во Росвел, пред да запише и заврши факултет. Три години била учителка од четврто до шесто одделение, пред да стане актерка во филмовите за возрасни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.