Црногорскиот пејач Перо Стефановиќ, познат како Перо Трокадеро загина во сообраќајна несреќа денеска на Јадранската магистрала во населбата Селианово кај Тиват.

Според неофицијалните информации дошло до директен судир на две возила, а со едното управувал Стефановиќ.

Како што наведуваат српските медиуми во текот на возењето на пејачот му се слошило и со автомобилот „рено меган“ со регистарски таблички од Подгорица удрил во такси возило. Во сообраќајката никој од преостанатите патници не е повреден.

На лице место веднаш стигнала екипа на брза помош од Тиват, но не можеле да помогнат. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.