Јелена Карлеуша се присетува дека на почетокот на кариерата нејзината колешка Цеца Ражнатовиќ немала убави зборови за неа и оти не и дала никаква поддршка.

Цеца и рекла дека никогаш нема да успее во шоу бизнисот и оти е дебела.

Се сеќавам дека Цеца ми рече дека никогаш нема да бидам ѕвезда. Ми рече дека добро пејам но оти сум дебела. Тука се зафркна. Дали е некој роден да биде ѕвезда тоа се гледа, се присети Карлеуша.

Јелена Карлеуша и Цеца Ражњатовиќ со децении се лути сопернички и се среќаваат само на судење.

Тие никогаш не кажале пофални зборови една за друга, па од фотографијата што Карлеуша пред неколку месеци ја објави многумина останаа шокирани.

Имено, Јелена објави фотографија на нејзината инстанграмска приказна каде што е сликана како ја напушта судницата во друштво на својот адвокат, но зад неа се гледа Цеца.

Судејќи според фактот дека Јелена секогаш максимално се грижи за своите фотографии и нивните објави на социјалните мрежи, оваа слика сигурно не е без причина ставена на нејзиниот Инстаграм профил. Со тоа, ова стана и првата заедничка фотографија на двете лути ривалки.

Цеца ја тужеше Карлеуша во врска со нејзините изјави во еден дневен весник дека Ражњатовиќ го наредила убiството на Зоран Давидовиќ Чанда.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.