Северина со својата најнова објава ги демантираше озборувањата за проблемите во бракот со Игор Којиќ.

Пејачката објави нивна заедничка фотографија на која Игор ја бакнува во чело и во описот ја цитирала својата песна „Мили мој“ и ги додала своите препознатливи хаштази „сакам што се сакаме“ и „љубовта со љубов се враќа“.

Гласините за проблемите во бракот започнаа откако пејачката презимето Којиќ го тргна од својот Инстаграм профил, а продолжија откако објави стара фотографија со него од Белград, откако српските медиуми ја обвинија дека лаже.

Инаку, Северина пред неколку денови го прослави 8-от роденден на нејзиниот син Алексанар, а му го честиташе преку социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.