Константин Терзиќ вчера стана татко. Иако доаѓа од доста позната српска фамилија, односно тој е син на некогашниот фудбалер, денес генерален секретар на Ѕвезда, Ѕвездан Терзиќ, Константин во балканската јавност е познат како првата љубов на Анастасија Ражнатовиќ.

Несудениот зет на Цеца беше во врска со нејзината ќерка во 2016 година и се прослави преку неа во јавноста, семејствата и ден денес се во добри односи, а двајцата тргнаа по своите патишта.

Неговата избраничка Валентина вчера на свет го донесе нивното прво дете, синот Вук.

Парот планираше голема свадбена веселба за јуни годинава, но беше одложена поради пандемијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.