Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на фолк пејачот Мирослав Илиќ бара тој да го признае нивниот син Девин кој сега е возрасен човек.

Мирјана бара од Мирослав да не биде кукавица и да се соочи со реалноста и да го признае синот со кој неверојатно си личат.

 

Дали некогаш си ги избришал солзите на Девин кога плачеше? Срамно е. Ја тужиш неговата мајка, и ја нарекуваш психопат. Мајка која молчи со години и си го подигна синот. Дури и кога ја дозна вистината, му говорев се’ најдобро за тебе.  Овој “психопат”, сепак, извади двајца лекари на пат. Дали треба така да се третира жена која го негувала своето и твоето дете без никаква помош? Се расфрлаше со пари и се фалеше дека на твојот зет си му купил часовник од 15.000 евра, а на Девин не си му купил ниту јаболко. Дали си живо суштество или полнета кукла? Животните имаат понормално однесување и чувства. Дали имаш трошка совеста, морал и срам?-прашува Мирјана.

 

Дали навистина си толку кукавица што не можеш да удриш со рака и да му речеш на светот: “Девин ми е син и јас сум горд на него”?. Девин го заслужи тоа. Не е доволно само да се родиш машко. Вистинските мажи ваков циркус никогаш нема да си дозволат. Тие ќе ја признаат вистината, па што и да е? Твојот син е твоја крв, твоите корени. А, крвта не е вода. Порано беше друг човек. Тврдеше дека неизмерно нè сакаш-прашува некогашната љубовница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.