Хрватскиот музичар Стјепан Хаусер беше неколку години во сериозна врска со популарната пејачка Јелена Розга, која ја крунисаа со свршувачка. И токму кога помисливме дека се ближи денот кога ќе го изговорат судбоносното „да“, одекна веста дека ја раскинале свршувачката, по што Стјепан ги спакува куферите и отпатува во Њујорк, а Розга не се огласуваше во медиумите за причините за ненадејното раскинување.

Не помина долго време, популарниот виолончелист заплови во љубовна врска со пијанистката Лола Астанова. По венчавката што се случи со „брзина на светлината“, Стјепан и Лола почнаа да настапуваат заедно. Разбирливо, Розга „мудро молчи“ за ненадејната венчавка на својот бивши свршеник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.