Српската пејачка Тања Савиќ со адвокатот пристигна во Австралија, каде правно ќе се бори да си ги врати синовите Максим и Ѓорѓе, кои нејзниниот сопруг Душан Јованчевиќ ги одведе на другиот крај на светот. Нејзината агонија трае повеќе од десет месеци, но вели дека верува дека правдата ќе победи и судот во Австралија ќе одлучи да ѝ ги врати децата.

Среќна сум, се надевам на најдоброто. Верувам во Бога и во правдата, рекла Тања за српските медиуми.

Извор близок до пејачката за „Блиц“ открива дека таа со месеци ги подготвувала сите потребни документи за рочиштето, како и доказите потребни да ги врати двете момчиња во Србија.

За сите детали се консултираше со адвокатот. Собра пари и за патот и сè што треба за повторно да си ги гушне децата. Многу тешко ѝ падна цело ова време без нив. Постојано плачеше. Родителите дури и продадоа голем дел од имотот за да се дособерат сите потребни средства за нејзиниот престој во Австралија. Оди со голем оптимизам на овој пат, вели нејзин пријател.

Савиќ веќе скроила и план дека кога конечно ќе си ги врати децата дома ќе ги води на психолог за да ги спаси, како што вели, од лошото влијание на нивниот татко и месеците поминати во нивно перење на мозок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.