На шести јули ќе се навршат три години откако си замина Влатко Илиевски, пејачот, актер, автор, водител на „Златно славејче“, омилен кај децата и кај возрасните. „Најбогат на свет“, беше една од неговите најпознати песни, а неговите блиски, колегите, пријателите и фановите, сега се посиромашни за една искрена насмевка по којашто беше карактеристичен Влатче- „Морал“.

Влатко е роден на денешен ден, 2 јули. Да беше жив, ќе наполнеше 36 години. Израсна во центарот на Скопје, а потоа живееше во старата семејна куќа во Ѓорче Петров. Дворот на Влатче беше главно собиралиште на неговите пријатели, до последниот ден. Токму затоа, неговиот пријател и соработник Марко Маринковиќ- Слаткаристика смета дека улицата во Ѓорче, во којашто живееше Влатко Илиевски, треба да го носи неговото име и презиме.

Слаткар, Елена Ристеска, Ана Стојановска и Марјана Станојковска, често го мислат Влатко, а токму на денот кога е роден, за „Женски магазин“ ги споделија своите најдрагоцени сеќавања.

Повеќе на „Женски магазин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.