По компликации предизвикани од корона вирусот, во Гевгелија почина пејачот Васил Ангов. Тој е трета жртва од Ковид-19 во Гевгелија.

Васил Ангов во 1995 година настапи на фестивалот „Макфест“ каде ја отпеа легендарната „Премногу ти верував“, по која и стана препознатлив. Ангов зад себе остави неколку песни „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.

Ангов настапи и на Скопскиот фестивал, а препознатлив беше и со неговите настапи во Гевгелија.

Неговиот син Андон, доцна синоќа на фејсбук ја објави веста за смртта на познатиот музичар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.