Српската водителката Весна Дедиќ неодамна изјави дека никогаш нема да ѝ прости на Калиопи откако во една прилика македонската пејачка не се појавила на закажаното снимање, а потоа, наводно, ѝ се заканувала и со отказ.

Ми рече дека ќе му се јави на (тогашниот) директорот на телевизијата и ќе му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа, сподели неодамна Дедиќ.

Калиопи за српските медиуми вели е шокирана од изјавата на Дедиќ и негира дека се заканила дека ќе ја отпушти.

Мене никој не ме познава како таква личност за каква што зборува Весна. Јас навистина не знам што ѝ е на госпоѓата и што сакаше да каже со тоа. Ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту, пак, ме навредил како неа. Вистина е дека тогаш доцнев на тоа неславно снимање поради сообраќајна несреќа сред невреме, бидејќи патував од Загреб кон Белград, а нејзината продуцентка го знаеше тоа. Ова првпат  го слушам сега, шокирана сум од она што го зборува. Како и да е, јас Весна Дедиќ, онолку колку што не ја познавам, ја почитувам како интелектуалец, новинар и писател, дури и сум ги прочитала нејзините книги. Она што сега го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканува на некого со отказ, тоа е скандалозно за што зборува. Никогаш во животот сум немала проблем од ваков вид, рече македонската пејачка за српски „Курир“.

Овој одговор на Калиопи, пак, според српскиот весник, дополнително ја изиритирал Дедиќ, која сè уште не се откажува од своите тврдења.

За жал, директорот Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам: „Прашајте го Тијаниќ!“. Без оглед на сè, јас сепак ја слушам Калиопи и не е важно што стори во афект, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.