Милица Живановиќ, или Мими Оро како што е позната во јавноста, на почетокот на месецот беше приведена поради нејзина наводна инволвираност во криминалната банда на Веља Невоља. Познатата старлета објавувајќи своја фотографија во долна облека објави:

„Што и да се случи, ние знаеме која е вистината“

Според српските медиуми досегашната истраг покажала дека Мими Оро заедно со Тијана Ајфон биле на платен список кај Вељко Беливук и одработувале за него по потреба. Осомничени се за пренесување дрога, но и за перење пари.

Но по приведувањето на старлетите Мими Оро и Тијана Ајфон се создаде паника во естрадните кругови. Во телефонот на Веља Неволја, според пишувањата, се наоѓаат различни видеа и докази кои би можеле да компромитираат и други познати личности. На листата е и српска пејачка Ана Николиќ која наводно била блиска со луѓе кои одработувале за криминалната банда на Невоља. Неа ја поврзуваат со обвинителот Томо Зориќ кој наводно во повеќе наврати ја злоупотребил службената должност за да ги заштити интересите на Невоља.

Според српските медиуми полицијата дошла до нови докази против Зориќ по сослушувањето на Тијана Ајфон и Мими Оро.
Уапсениот Вељко го поврзуваат и со соработници на фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ, со раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој неодамна излезе од притвор, но и со еден од најпопуларните јутјубери во регионот, Богдан Илиќ чие уметничко име е Бака Прасе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.