Душко Тошиќ се’ уште престојува во Белград, каде што ги решава сите проблеми на своето семејство, а од сопругата Јелена Карлеуша буквално не се одделува. Пред неколку дена, двојката посети едно приватно училиште на Дедиње во кое нивните ќерки Атина и Ника ќе продолжат со школувањето.

Душко и Јелена одлучија на ќерките да го сменат животното опкружување поради сите несреќи што му се случија на нивното семејство. Пред се’, поради секс-скандалот во кој главна актерка е токму Јелена, а потоа и попради ненадејната смрт на Дивна Карлеуша. Земајќи предвид дека децата умеат да бидат немилосрдни, да задеваат и озборуваат, Тошиќ и Карлеуша се убедени дека нема да дојде до тоа доколку тргнат во ново училиште. Имено, тие избраа интернационална школа во која претежно одат странци, наставата е на англиски јазик, и веруваат дека новите другарчиња на нивните деца нема да знаат кои се Јелена и Душко и што се случува во нивниот приватен живот“, раскажа извор близок на пејачката.

Одлуката да ги запишат ќерките токму во тоа училиште ја донеле поради локацијата.

Душко и Јелена до крајот на пролетта ќе се преселат во вилата на Сењак, која ја купија од Драган Стојковиќ Пикси, а новото училиште се наоѓа на оддалеченост од 5 минути. Средувањето на куќата е пред крај, а Душко престојот во Белград го користи и за надгледување на градежните работи“, открива изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.