Босанскиот пејач Хари Варешановиќ, основач на групата „Хари Мата Хари“, минатата година го ожени својот вонбрачен син, Мак.

26-годишниот Мак и неговата девојка Ружа Недиќ се венчаа во Сараево во круг на најблиското семејство и пријателите.

Хари со првата сопруга Аида има син и ќерка, но се разведоа откако се дозна дека го има вонбрачниот син Мак. Во 2010 година, Хари се прежени со Јасминка Иштук.

Пријателите на Хари велат дека е грижлив татко и дека не запоставува ниедно од своите деца. Тој е во добри односи и со првата сопруга.

Хари важи за голем шармер на територијата на поранешна Југославија. Но, тој признава дека му пречат кога градници ќе се најдат на бината, зошто тогаш жените испраќаат погрешна порака.

– Kога некоја ќе ми фрли градник, ми е како некоја проститутка, тоа не ми се доаѓа, многу ми е евтино. Но кога ќе ми испратат насмевка од публиката, која говори нешто, е тоа ми ја крева опашката и ми го храни егото, многу повеќе од некое парче облека, вели познатиот босански шармер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.