Балканот е во длабока тага. Светот остана без кралот на народната музика. Шабан Шаулиќ засекогаш замина од овој свет после настапот во Билфилд во клубот Фаринда. Тој настапувал со колешката Теа Таировиќ, а после тоа доживеа сообраќајна несреќа  после која почина.

Во полицискиот извештај пишува: Автомобилот „мазда 6“ со кој управувал 34 годишниот Гутерслохер, удрил во возилото „сеат ибица“. Возилата се излизгале и се забиле во препреката. Сите три патника од сеат ибицата се сериозно повредени, а 34 годишниот Гутерслохер поминал со полесни повреди. Повредените се веднаш превезени во најбилската болница. Совозачот од сеат ибицата подлегнал на повредите во текот на утрото во болница.

Истрагата покажала дека Гутерслохер возел пијан и без дозвола, пишува во официјалниот извештај на германската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.