Пејачот Огнен Здравковски  објави  дека не само тој, туку и неговата мајка Софче Џорлева, исто така била позитивна на вирусот, лежела во болница и нејзината ситуација била неизвесна

„До сите што не верувавте дека короната постои. Сите што ја познавате мајка ми Софче знаете каква жена е-напиша Огнен на социјалните мрежи.

Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со “COVID 19” (Корона Вирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на “Инфективната Болница” во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење…

Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.