Иако пред два и пол месеци на свет го донесе синот Александар, пејачката Александра Пријовиќ се враќа на сцената. Но не бидејќи и’ недостига пеењето, туку поради материјални проблеми, открива извор близок на популарната брачна двојка.

Според него, трошоците за куќата што таа и Филип ја купија во елитната белградска населба Бежаниска коса се астрономски, а ресторанот на Живојиновиќ веќе не може да ги покрива месечните рати за кредиот, кои изнесуваат 6.500 евра месечно.

Познато е дека таа и Филип пред раѓањето на синот подигнаа кредит за купување на куќата на Бежаниска коса, а тоа не е мало оптоварување за нив двајца. Месечната рата изнесува 6.500 евра. Досега, главно, Филип ги плаќаше ратите, но неговиот ресторан не може да ги покрие сите трошоци“, открива изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.