Пејачката со моќен вокал, која неколку децении владее со музичката сцена, Снежана Ѓуришиќ се најде во незавидна ситуација поради нејзиниот партнер, доктор Вања Милошевиќ, со кого 4 години е во емотивна врска.

Имено српски Блиц го снимил  докторот како се гледа со непозната жена во неделата околу 10 часот изутрина, во еден трговски центар во Белград.

Во трговскиот центар дојдоа со автомобил во сопственост на Снежана. Потоа заедно го напуштија возилото и се упатија во лифт во трговскиот центар. Во таа прилика жената со која беше рече: Пази што правиш, некој може да не види дека сме блиски и да не фотографира. Кога излегле од лифтот се упатиле во продавница каде се продаваат технички уреди – открива извор кој се на нашол на лице место.

Како би провериле за кого станува збор, Блиц контактирале близок пријател на докторот кој рекол дека е можно да се работи за жена од неговите претходни врски.

Снежана од друга страна, преку СМС порачала:

Вања има 4 деца од три жени. Никогаш не бил оженет, ама се грижи за своите деца, па сосема е во ред да има контакт со мајките на тие деца. Овде конкретно се работи за жена со која Вања има дете и со која се нашол од таа причина. Како што реков, тој е грижлив татко, кој има коректен однос со нивните мајки – напишала Снежана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.