Марија Шерифовиќ синоќа славеше за победната на Џејла Рамовиќ како нејзина кандидатка, но беше присутна и за да ги поддржи и останатите учесници кои беа под нејзино менторство. За новинарите кои биле присутни таму, Марија истакнала дека се уште не знае дали ќе биде дел од жирито во наредната 14-та сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Ќе видиме, се ова одзема многу време. Треба да разговарам со Сале, дури тогаш ќе знам. Парите не се проблем, никогаш не биле, така ќе биде и сега, одговорила Марија на прашањето кое веќе неколку месеци се провлекува во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.