Парис Хилтон е бремена и заедно со нејзиниот свршеник Картер Реум го чекаат своето прво дете. Двојката уште лани изрази подготвеност да основа семејство.

Во јануари, Хилтон, која е на прагот на петтото десетлетие од животот, објави дека почнала со „ин-витро“ процедура.

Тој е човекот од моите соништа! Картер е 100 отсто вистинската личност! Цело време зборуваме за свадби и ги планираме имињата на нашите деца – изјави богатата наследничка за „Тренд репортер“.

Хилтон и 40-годишниот претприемач се свршија во февруари, откако беа една година во врска. Картер Реум ѝ предложи брак на приватен остров, со дијамантски прстен со смарагди, дизајниран од „Дан Досет“.

Засега нема официјална потврда за информацијата ниту од Хилтон ниту од Картер. Сепак, фотографиите споделени на социјалните мрежи ја откриваат тајната на наследничката на хотелите „Хилтон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.