Пред само неколку месеци во јавноста се прошири веста дека пејачот на „Куку леле“, Сашо Каимовски – Панки бил уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција.

Како што тогаш беше објавено, наводно пејачот бил уапсен поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати. Досега Панки не се огласуваше на оваа тема, а сега решил да си ја отвори душата и да ја каже вистината.

Јас не сум криминалец. Се најдов на погрешно место, со погрешни луѓе. Кармата од пред 13 години, ме стигна денес, вели Панки во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.