Холивудската актерка Памела Андерсон, која е веганка веќе 30 години, е позната е како голем поборник за правата на животните. Секас-симболот на Холивуд, неодамна предизвика голем интерес во јавноста со својата изјава дека луѓето што не јадат месо се многу подобри во кревет.

По таквата објава, Памела гостуваше во тв-емисијата „Добро утро Британијо“ каде што ја образложи таквата изјава велејќи дека веганството и помогнола да го зголеми уживањето во кревет.

Веганството дефинитивно влијае позитивно врз љубовните вештини. Сум го слушнала ова многу пати од други луѓе, а и самата сум веганка, па прилично сум сигурна во таа изјава и апсолутно се согласувам со тоа тврдење. Но, исто така мислам дека секогаш многу добро сум се забавувала во тоа подрачје – вели некогашната ѕвезда на тв-серијата „Чувари на плажата“.

Памела вели дека холестеролот од месото, јајцата и млечните производи предизвикува затворање и стврднување на артериите со што го забавува протокот на крвта во сите органи, а не само во срцето.

Затоа, таа вели дека веганството може да ви го подобри целокупното здравје и да ја зголеми издржливоста во спалната соба.

Здраво тело е секси тело, а јадењето месо не е здраво, поврзано е со болести на срцето, дијабетес, мозочен удар и дебелеење, а сите овие се главните причини за еректилна дисфункција – вели 53-годишната Памела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.