Најпопуларната плејбој-зајачица Памела Андерсон петти пат го изговори судбоносното „да“. Таблоидот „Пејџ сикс“ објави дека 53-годишната актерка тајно се омажила со својот телохранител Дан Хејхурст, и тоа на Бадник.

Двојката се венчала во нејзиниот дом на островот Ванкувер.

Се омажив на имотот што го купив од баба и дедо пред 25 години. Токму тука се венчаа моите родители и се’ уште се заедно. Се чувствувам како да сум го затворила кругот и дека сум таму каде што треба да бидам – во рацете на човекот што навистина ме сака.”, изјави таа за „Дејли мејл“.

Според наводите на таблоидот, Памела ја почнала врската со сегашниот сопруг непосредно по разводот со Јон Петерс, со кого беше во брак само 12 дена.

Тој е во 40-тите години од животот, всушност, вистински маж е. Умее да ја почитува и тоа е навистина убаво да се види“, изјавил изворот за „Пејџ сикс“, и додал дека сопружниците буквално не се испуштале од вид еден со друг.

Инаку, пред еден ден, актерката и активистка се прости со следбениците на социјалните мрежи, објавувајќи дека веќе нема да биде активна на своите профили на Инстаграм, Фејсбук и Твитер, затоа што пронашла мир во животот и ужива во читањето книги. Притоа, таа истакна дека преку социјалните медиуми „ни ги контролираат мозоците како би заработиле пари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.