Некогаш контоверзната поп-пејачка Маја Вукичевиќ остави буквално се’ во Македонија и тајно се омажи во Австралија. Според изворите на „1тв“ Маја се омажила за богат Mакедонец, кој е сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн, но имал и други големи бизниси.

Маја пред да замине преку океанот, го избриша својот ФБ профил, но не е активна ниту на Инстаграм. Наводно на пријателите пред да замине, им рекла дека сака да го избрише минатото и во Австралија да започне нов живот како мажена жена.

Во таа смисла нејзините провокативни спотови, во кои таа дури водеше љубов со црнемуресто момче , а во 90-тите години беа вистинска сензација, веќе се тргнати од каналот Јутјуб , што е уште еден догаз дека Маја серозно сака да се збогува со минатото.

Нејзиниот бурен живот и тоа како беше интересен за јавноста, а тогаш медиумите ја поврзуваа со многу политичари и бизнисмени.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.