Постои една песна која во себе крие голема трагедија. Неа редовно ја пеат, на неа плачат и кршат чаши дури и познатите фолк ѕвезди од српската и регионалната естрада.

Во последно време, Александра Пријовиќ се почесто ја изведува песната „Зачувај ја тајната, љубов моја“ во живо…

Милица Тодоровиќ знае да заплаче или да скрши чаша на неа, како што тоа се случи на прославата на нејзиниот 30-ти роденден.

Оригинално ја изведува Душан Костиќ, кој се самоубил во 1996 година скокнувајќи од Пенчевскиот мост.


Телото на Душан не е пронајденоикогаш не беше пронајдено, а на самото место на трагедијата била пронајдена само неговата чанта со лични документи. Неколку дена по самоубиството, на адресата на сопругата на Душан, Невенка, како и на неговите родители пристигнало кратко писмо:

„Многу ве сакам, простете ми“ – било напишано, а на пликот немало ниту потпис ниту печат, што значи дека бил лично доставен од некого и пуштен во поштенското сандаче, а не испратен преку пошта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.