Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ на 24 ноември ќе запливаат во брачните води, а гала свадбата ќе биде во еден луксузен хотел.

Познато е дека Цеца и Вељко ги почитуваат сите обичаи и традиции, па не е ни чудно што ќе ги почитуваат и свдбените обичаи.Имено, пред венчавката и свадбената веселба, Ражнатовиќ ќе одат во Тител по невестата. Како што налагаат обичаите, пред земање на невестата, сватовите ќе треба да ја турнат јаболката пред домот на Родиќ, а потоа да влезат во дворот. Вељко изрази желба да се почитува традицијата, а семејството се согласи со него , вели за српските медиуми извор близок на семејството. Црковната венчавка ќе биде во храмот „Свети Сава“, а граѓанскиот брак ќе го склопат во хотелот кој го одбраа за свадбата. На свадбата ќе присуствуваат 500 гости. Цеца не сакаше да се меша во желбите на Вељко и Богдана, но е тука да им помогне околу се што им треба.

Оркестарот Александар Софронијевиќ ќе биде задложен за добра атмосфера, а за микрофонот ќе се фатат Цеца, како и многу нејзини колеги.

Подготвоките се при крај, а снаата и свекрвата одлично се согласуваат.

Салата во која ќе се венчаат  ќе биде уредена според желбите на Вељко и Богдана. Таа долго време размислуваше каква венчаница ќе носи, а моментално се последните подготовки на  детали на фустанот. Бидејќи Богдана е блиска со женскиот дел од семејството, таа се консултираше со Цеца, како и со Анастасија, вели изворот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.