За да му овозможат бегрижно и мирно детство на својот син Жељко, синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, и неговата избраничка Богдана Родиќ одлучија дека е најдобро да се преселат во Тител на одредено време.


За да ги спречи љrубопитните погледи, познатиот боксер го огради големиот имот со висока ограда, зад која непречено се одвива семејниот живот на Ражнатовиќ. Заедно со своите пријатели, Вељко ја ископа земјата во дворот и изгради простран, луксузен базен, во кој неговата сопруга поминува најмногу време.

Во пространиот двор на семејството Родиќ се наоѓаат две куќи – едната е нивната семејна, во која живеат со најстарата ќерка Наташа, а втората куќа, малку по малку, Вељко и Богдана ја опремуваат по своја мера. Во дворот има катче во кое Вељко одгледува кучиња, како и простор во кој тренира за да напредува во боксерската кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.