После десетина денови од нејзината смрт, вчера е погребана Марина Туцаковиќ. Иако нејзиното испраќање во вечниот дом требаше да е мирно и во присуство на најблиските, сепак се случи голем скандал за кој пишуваат медиумите.
Имено, на погребот на Марина, нејзиниот син Милан Лача направи сцена поради која сите останале шокирани. Тој на Цеца и Саша Матиќ им забранил да се приближат до гробот на Марина.

Марина ги напиша најголемите хитови на Цеца, и тие две биле многу добри пријателки. Овој потег на Милан ги изненадил сите, особено моментот што ниту во ваков момент тој не можел да го контролира својот незгоден карактер.

Сега е откриена и вистинската причина за нивниот судир.

Имено, се почнало кога синот на Марина Туцаковиќ јавно објави дека ќе ја тужи продукциската куќа на Цена, поради пари кои не му ги исплатила, како автор на песни за нејзината ќерка Анастасија.

Тој пред извесен период напиша дека не може веќе да молчи и дека влегол во расправа со пејачката поради пари, на која, како што вели, и било скапо да ги плати неговите песни.

Да се разбереме. Јас веќе не можам да кријам. Една ноќ Цеца ми испрaти порака: Мене тоа ми е скапо како Марина! Пред тоа трошковникот и го испратив трипати. Се ќе беше во ред да не бев потценет и повреден на нови, Сако ми е како на мајка, сред мермерот на Љутица Богдан 3. Ова нема врска со правдата. Има врска со тоа дека мојата мајка била скапа. Тука настана револтот. Скапо ќе ја чини нејзината кариера – напиша текстописецот Лача на Твитер неодамна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.