Данијела Враниќ, поранешната „кралица на сплавовите“, која важеше за една од најпопуларните пејачки на нашето шоу, се повлече пред точно десет години од естрадата, на врвот на својата популарност.

Многу и било тешко кога раскина со Аца Лукас, па поради тоа се предала на алкохол и се повлекла далеку од сите. Лукас беше нејзината најголема љубов, многу го сакала и тешко и било кога тој започнал врска со Соња. Почнала да пие, а потоа се здебелила. Купила стан во Белград на вода, па од главниот град се преселила во Ваљево за да живее со родителите, а според последните информации кои се појавија во јавноста, таа моментално живее во селото Коцељево кај Шабац.

Убава, но несреќна-вака Лукас ја опиша Данијела.

Причината е големата неизвесност. Даниела е вистинска дива, жена со стил. Зошто таа не успеа? Таа претпочиташе да седи во куќата и да чека нешто да се случи без нејзино учество. И тоа е невозможно. Создаде нереална слика за себе, па го доживеа успехот на многу полоши пејачи од неа – изјавил Лукас во книгата „Ова сум јас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.