Пејачката Рада Манојловиќ никако да се одлучи, дали е за или против имунизација, дали короната постои или не, и дали е се поважни парите или нејзиното здравје, пишуваат српките медиуми. Од една страна Рада шири пропаганда за теории на завера, антиваксерство и слично, а од друга страна наголемо си закажува настапи во пресрет на најлудата ноќ, па со тоа го доведува во прашање нејзиното и здравјето на публиката која доаѓа на тие настапи, коментираат тие. А, откако ги зела парите за најлудата ноќ, нејзините ставови нагло се смениле.

Новинарите ги исконтактираа сопствениците на сплавот каде Манојловиќ ќе пее за Нова Година, од каде велат дека во нивниот локал нема да влезе ниту еден невакциниран, па истото ќе важи и за ѕвездата на вечерта Рада Манојловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.