Вишото јавно обвинителство во Белград ја отфрлило кривичната пријава за силување на актерката Данијела Штејнфелд против постариот колега Бранислав Лечиќ. Српските медиуми пренесуваат дека сѐ уште немале увид во одлуката, па причините за отфрлањето на кривичната пријава засега не се познати.

Штајнфелд најпрво откри дека е жртва на силување во својот документарец, за потоа да објави дека ја силувал „моќен човек од филмската индустрија“. Само неколку месеци подоцна, таа пријавила во полиција дека во 2012 година била силувана од постар колега – Бранислав Лешиќ.

Во март и двајцата беа на сослушување, но Лечиќ постојано ги отфрлаше обвинувањата, а помина и на полиграф тестот.

Штајнфелд рече дека имала периоди кога сакала да се самоубие. Актерката Мерима Исаковиќ јавно ѝ ја понуди својата поддршка, велејќи дека во 1978 Лечиќ сексуално ја вознемирувал, нешто што би го кажала и под заклетва на суд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.