Судскиот процес против холивудскиот актер Кевин Спејси, за наводен сексуален напад на 18-годишно момче, е прекинат поради „недостапност на оштетениот во својство на сведок”, соопшти Обвинителството во Нантакет, Масачусетс, САД.

На сослушувањето минатата седмица, оштетениот одби да одговори на прашањето – дали ги избришал своите СМС пораки што му ги праќал на Спејси.

Спејси беше обвинет за сексуален напад што се случил во бар во Нантакет пред повеќе од три години.

Обвинувањата за напад се отфрлени бидејќи момчето кое го обвини актерот одби да сведочи за исчезнатиот телефон за кој одбраната рече дека може да ја докаже невиноста на актерот. Спејси го тужеа за неколку сексуални престапи што резултираше со кривична пријава. Во тврдењата стари 3 години се наведува дека тој честел тинејџер, а потоа го нападнал во бар.

Меѓутоа, момчето одби да сведочи и поради негова недостапност, обвинителството донело одлука да се отфрли случајот. Адвокатот на Спејси изјави дека неговиот клиент покажал голема храброст во тешките околности кои го снашле.

Обвинувањата на сметка на Спејси се случија кога еден актер го обвини за сексуално вознемирување кога имал 14 години. Спејси тогаш имал 26 години. Актерот се извини поради непристојното однесување и за немилиот настан, на кој не можеше да се сети.

Поради други обвинувања за недолично однесување тој беше отстранет од многу проекти, а сцените со него во филмот „All The Money in the World“ се избришани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.