Пејачот на Гранд продукција, Драгиша Митиќ Гиле изврши самоубиство пред два дена во родното место Кничанин, кај Тител.

Како што се наведува, Гиле дигнал рака на себе поради долгови, а зад себе остави сопруга и два сина.

Него обесен, во старата и напуштена куќа во која некогаш живееле неговите родители, го пронашол родениот брат.

Гиле се уби поради долгови. Должеше на зеленаши. Каматата растеше од ден во ден, а тој немаше приходи. Поради короната не настапуваше, а и жена му остана без работа од истата причина – рекол извор близок на семејството.

Како што рекол, сопругата на несреќниот пејач се занимавала со украсување на простор за славење, а како и тие се откажани поради пандемијата, така и таа останала без средства за живот.

Гиле инаку е татко на два сина, од кои едниот неодамн заврши средно училиште, се задолжил кај зеленаши, бидејќи во банката, како невработен, не можел да подигне кредит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.