Виртуелна кафана со Марио Стојановски и балкански песни. Уметниците успеваат и во ова време невреме да запеат. Така Марио Стојановски член на групата „Мерак“ кои ги препеаја познатите македонски песни Една песна, Мајка на Марика, Дојди ми Лено, Чудна жена и Бисера, вечерва преку социјалните мрежи понуди малку поинаква забава.

Драги мои, би сакал вечерва да ве поканам во мојата Виртуелна кафана на профилот на Фејсбук, сите заедно да уживаме во убавите македонски и балкански песни започнувајќи од 22 часот. Додека трае полицискиот час против Ковид-19 во својот дом ќе се обидам да ве расположам со мојата хармоника вели Марио Стојановски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.