Огњен Врањеш веќе не сака ниту да ја слушне, ниту да ја види поранешната љубовница Јелена Карлеуша, ни во стварниот, ни во виртуелниот свет.

Фудбалерот на Анредлехт кој со пејачката тајно се гледаше две години, неодамна на Инстаграм ги блокираше сите страници кои имаат врска со нејзиниот живот и работа, додека нејзиниот официјален профил го блокираше штом му објави војна.

Огњен го познавам од мали нозе и кога некого ќе прецрта, тоа е до крај на животот. Таков е случајот со ЈК. За неа ниту сака да чуе, ниту да знае нешто, освен судењето поради заканите кои му ги упатила преку социјалните мрежи.Таа сакаше себеси да се воздигне и да се испере во јавноста, па Огњен без причина го понижи, иако знае што се доживеале за време на двегодишната тајна врска. Таа плукна на се што заедно преживеаја. Затоа ја блокираше на сите страници кои имаат врска со неа, а на пријателите им порача да не го известуваат што пишува на Инстаграм, бидејќи тоа не го интересира – рекол извор близок на Врањеш.

Се чини дека во моментов има преку 400 блокирани корисници, а некои налози биле покренати со цел тој да наседне на провокации.

Не одговори на ниту една порака, туку по ред ги блокираше – рекол изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.