Фолк-дивата лепа Брена неодамна ги вадела старите истрошени силикони од усните и ги заменила со разградлив хијалурон, пишува Курир.рс.

View this post on Instagram

Banja Luka🥰💋❤️👍

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Извор близок на лекарот кој го извршил зафатот открива дека Брена многу се плашела од операцијата, а се сомнева дека нејзиниот поранешен хирург многу лошо го вградил силиконот кој со време почнал да ѝ прави проблеми.

Горната усна навистина изгледаше лошо. Со време се појавија грутки, зашто силиконот се собрал во едно место и се забележуваше. Тоа обично се случива по пет или повеќе години, а се решава со операција. Мислам дека хирургот не ѝ го ставил добро силиконот. Таа беше кај нашиот хирург пред два месеци, се распрашуваше дали има помалку болен начин да се отараси од силиконот. Се плашеше, зашто слушнала дека вадење силикон од усни многу боли. Но за жа, нема друг начин, па нашиот хирург ѝ даде време да собере сила, вели изворот за Курир.рс.


Зафатот се изведува под локална анестезија.

Му рече на лекарот да ѝ даде две дози анестезија, а тој го стори тоа. Кога почна интервенцијата, Брена офкаше, беше бледа како крпа од болки, рацете ѝ се тресеа. Го молеше да запре на половина пат, па ѝ даде уште една инјекција за да може да работи. По две недели повторно дојде и тогаш ѝ вградивме хијалурон во усните. 

Хијалуронот е многу подобро решение, зашто по шест месеци се апсорбира во телото, па може повторно да се вбризга.

ПР-службата на Лепа Брена не сакала да го коментира настанот за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.