Лепа Брена и семејството наводо потропиле пола милион евра за летувањето кое траело 77 дена. Српската ѕвезда заедно со сопругот Боба Живојиновиќ, синот Филип, снаата Алексадра и внукот Александар, синот Виктор и девојката, одмораа пловејќи по Медитеранот, а ги посетија Франција, Италија, Монако, Хрватска и Црна Гора.

Само летот со приватен авион Белград – Ница кошта 8.000 евра. Во Монако имаат луксузен стан и не мораа да плаќат за смештај. Децата им се придружија подоцна, и двата пристигнаа со различни летови, а цената е таа. Излегуваа во најелитните ресторани, со скапи вина, специјалитети. За една вечер знаеја да потрошат и по 5.000 евра, раскажува извор близок до семејството за „Информер“.

Бидејќи нивната јахта во еден момент ја оставиле во Црна Гора, според соговорникот најмногу пари потрошиле на изнајмувањето на јахтата „Салоренцо“.

Платија околу 240 илјади евра за неа, а бидејќи ангажираа и скипер, одвоија по 2.500 евра за неговата месечна плата. Само паркингот за пловилото во Монако кошта 1.000 евра дневно, додека во Хрватска и Црна Гора цените се околу 200 евра на ден, вели тој.

Тој додава и дека доста пари семејството потрошило на гориво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.