Марина Туцаковиќ веќе неколку години наназад се бори со тешка болест, но и покрај се се посвети на својата работа, како нејзиното секојдневие би изгледало како порано.

Таа веќе напиша неколку песни кои го најдоа патот до срцето на слушателите. Марина во последните изјави за јавноста истакна дека се уште не завршила со хемотерапиите, но дека предвидувањата на лекарите се охрабрувачки.

При последното појавување, Марина, сходно на својата состојба, изгледаше исцрпено и испиено, но сјајот во очите и ведриот дух и тогаш не ја напуштаа.

Сепак на последните фотографии, таа изгледа свежо, здраво и одморено, токму каква што беше пред болеста. На фотографијата со неа е и нашиот Дарко Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.