Српската пејачка Јелена Карлеуша не се срами да го покаже своето голо тело во секое време, а истото го направи и вчера откако на својот Инстаграм профил сподели фотографии од кои на многумина им зовре крвта.

Пејачката позираше покрај огледалото на високи потпетици во танга фармерки кои очигледно има храброст да ги носи само таа.

Таа на себе има и тексас јакна од истиот материјал и боја како шорцевите како и градник.

Под фотографијата Карлеуша напиша: И таа продолжува…, алудирајќи на тоа дека ќе продолжи и во иднина со провокативни фотографии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.