Шест години по несреќата во која животот го загуби 17-годишната Андреа Бојаниќ, денеска во Белград е изречена пресудата за Александар Митровиќ, синот на сопственикт на продукцијата „Пинк“, Жељко Митровиќ.

Митровиќ е осуден на единствена казна за две кривични дела: тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и непружање на помош на лицето кое било повредено во сообраќајна несреќа. Тој доби 12 месеци домашен притвор поради носење на огнено оружје во својот стан и забрана за управување со моторно возило на година дена, поради сообраќајна несреќа кога на пешачки премин во Белград прегази девојка.

(фото: N1)

После пресудата Жељко изјави дека Александар е прогласен за виновен што е негов син.

После три вештачења, кои не ги барав ни јас, ниту мојот син Александар, туку Обвинителството, сите три потврдија дека мојот син Александар не е виновен, но денеска судот го осуди мојот син, само затоа што е мој син! Е, мој чесни суде, напиша Митровиќ на „Твитер“.

Митровиќ на 18 јули во 2013 година, возејќи го својот џип БМВ на белградските улици на пешачки премин ја удрил и усмртил 17-годишната Андреа Бојаниќ. Според наводите на обвинителството, Митровиќ возел со брзина од 81 километар на час, а од силниот удар Андреа излетала 29 метри.

Митровиќ побегнал од местото на несреќата, а во полиција го довел неговиот татко Жељко Митровиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.