Како бомба одекна веста дека српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ има ново момче, бизнисменсот Богдан Срејовиќ.

Гулапчињата неодамна зимуваа на Јахорина, а папараците ги снимија како се бакнуваат и се држат за раце во јавност.

Во медиумите се пишува дека децата на Цеца, Анастасија и Вељко го прифатиле новиот партнер на мајка им. Анастасија го следи Богдан на  Инстаграм и објави порака која можеби се однесува токму на новата врска на мајка им.

Веднаш после неа се огласи и Вељко, прв пат откако оваа вест се појави во јавноста.

Младиот боксер објави фотографија од Жељко Ражнатовиќ Аркан и стави емотикон на круна.

Инаку тој со Богдан не се следи на социјалните мрежи, за разлика од неговата сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.