Организаторите на прилепскиот „Пивофест“ ја објавија листата на изведувачи. Од 14 до 17 јуни во Прилеп ќе пејат најголемите македонски звезди со по некој регионален изведувач.

Од „странците“ ќе бидат само Хари Мата Хари и Дивје Јагоде.

Од нашите ќе настапуваат Ламбе Алабаковски, Лозано и Владо Јаневски, Некст Тајм и тоа во сабота на 16 јуни.

Другите денови се резервирани за „Меморија“, Игор Џамбазов, Нокаут, Миле Кузмановски, Елена Велеска и др.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.