Италискијанската спортска водителка со колумбиско потекло позираше со муралот посветен на Диего Марадона, а фотографиите и видеата што ги објави на Инстаграм ги воодушевија нејзините фанови.

Диего Марадона во Неапол има статус на божество, а негов голем обожавател е и водителката Флоријана Месина. Таа позираше минатата недела покрај еден од многуте мурали посветени на Аргентинецот, а фотографијата ја сподели со нејзините повеќе од 580.000 следбеници.

“Марадона е бог. Марадона е фудбал. Никој како тебе … секогаш со нас. Сонувам да те запознаам”, напиша 31-годишната презентерка која моментално е домаќин на фудбалското шоу Tutti in Campo на Канале 9.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.