Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ судбоносното „да“ ќе го изговорат на 24 ноември во познат хотел во Белград. Според српските медиуми, нивната венчавка ќе биде необична и интересна.

Младоженецот за свадбата ќе ја облече воената униформа што ја носел неговиот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан пред скоро 25 години кога се женел со Цеца.

Сиве овие години освен својата венчаница, Цеца го чуваше и оделото на Аркан. Таа е посебно емотивно врзана за венчаницата и оделото, а Вељко го знае тоа. Кога изрази желба да ја носи воената униформа на својот татко на венчавката, Цеца беше воодушевена и секако се согласи. Тоа е негова желба, иако уште не ја пробал и не е сигурен дека големината ќе му одговара“, вели за српските медиуми извор близок до семејството Ражнатовиќ.

Што се однесува до Богдана, Вељко не инсистира таа да ја носи венчаницата на Цеца. Меѓутоа, тоа веројатно ќе се случи зашто идната свекрва сака да и го проследи својот венчален фустан, а планира да купи уште еден во кој невестата подоцна ќе се преслече“, наведува изворот.

Моделот на венчаницата што ја носеше Цеца за свадбата долго време беше популарен во Србија, што и не чуди со оглед на тоа што снимката од венчавката била продадена во повеќе од 100.000 примероци.

Интересно е што и нејзината сестра Лидија се омажила во истиот фустан пред 15 години.

Познато е дека семејството Ражнатовиќ ги негува српските обичаи, па така, според пишувањето на медиумите, Вељко сите ќе ги испочитува. Пред венчавката тој ќе се упати по Богдана во Тител, каде што ќе се изврши „купување на невестата“. Секако, според српските обичаи, сватовите ќе мора да соборат јаболко пукајќи пред семејниот дом на невестата, а потоа да влезат во дворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.