Новата девојка на Бред Пит (56), германската манекенка Никол Потуралски (27), објави фотографија на која позира во тесен портокалов фустан и остави коментар со кој крена голема прашина на Инстаграм.

Среќните луѓе не мразат – порача Никол под фотографијата.

По таквата објава веднаш следуваа коментари од бројни следбеници, главно прашувајќи ја за поранешната сопруга на Бред Пит, актерката Анџелина Џоли.

Зошто тогаш ти и Бред ја мразите Анџелина? Практикувај го тоа што го проповедаш, девојко! – беше едно од прашањата.

Убавата манекенка го удостои со одговор:

Јас никого не мразам.

View this post on Instagram

Happy people dont hate 🧡🧡🧡

A post shared by Nico (@nico.potur) on

Според таблоидите, Анџелина била бесна поради тоа што Бред ја однел новата девојка на имотот Миравал во Франција што во 2011 година го купи со Анџелина Џоли и каде што тие двајцата се венчаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.