Поранешната сопруга на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ наводно е во љубовна врска со турската ѕвезда Озкан Сен, кој е познат како Мистер Џад.

Поп ѕвездата која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од еден милион следбеници,  успеал да го освои срцето на Соња.

Озкан е милионер, многу е популарен во Турција и има цела компанија која работи во Европа, па и во Дизелдорф. Пред три години во Дизелдорф ги спои заеднички пријател и Озкан на прв поглед „откачи“ на неа. На пријателот му кажа дека нема да се смири додека не ја освои – вели добро известен извор.

Тие наводно во Дизелдорф поминале три дена, а потоа Соња се вратила во Белград.

Меѓутоа, секојдневно беа  во контакт и тој ја убедуваше дека има сериозни намери со неа, но таа не му веруваше се до моментот кога му соопшти дека во Белград доаѓа само поради неа и дека е подготвен да го освои српскиот пазар само за да биде покрај неа – тврди изворот на српски Курир.

Дека Мистер Џад има сериозни намери зборува и тоа што ги ангажирал најдобрите соработници на најголемите српски ѕвезди, за да му организираат снимање на спотот. Медиумите во Турција пишуваат за неговото доаѓање во Белград, но се уште не ја откриваат причината за неговото доаѓање.

Сепак љубовта меѓу Озкан и Соња е видлива и на социјалните мрежи каде што си ги лајкнуваат фотографиите, а меѓу луѓето кои ги следи на „Инстаграм“ се наоѓа и Соња“ – тврди изворот.

Вуксановиќ не сакала да ги коментира медиумските написи дека е во врска со турскиот милионер, но на констатацијата дека таа е единствен жена од Србија која ја следи, Соња одговорила: Една, ама вредна!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.