Американската водителка, Елен Деџенерис, во последните неколку недели е во центар на неколку скандали откако многубројни вработени ја обвинија за злоупотреба на работното место.

На „водителката од пеколот“ сега ѝ се препишува уште едно обвинение – дека малтретирала 11-годишно дете и го нарекла „дебело и глупаво“, пренесува „Mирор“.

Еден од нејзините вработени раскажал како тогаш 20-годишната Елен, пред 40 години, пред да стане славна, уживала во тоа да се однесува лошо кон неговиот син Бен.

Тоа го потврдил и самиот Бен, кој денес има 52 години.

Тој се присетил како Елен, којашто тогаш работела за неговата мајка во агенција за вработување, грубо се шегувала на сметка на неговата тежина:

Се згрозував кога по училиште мораше да се вратам во агенцијата. Елен ја критикуваше мојата тежина и мојата облека. Ме нарекуваше глупав. Бев само мало момче, а таа тогаш беше возрасна жена која што уживаше во тоа да ме гледа загрозен. Мислам дека за тоа нема извинување. Бев беспомошно дете. Што можев јас тогаш да ѝ кажам во моја одбрана?. Таа беше најзлобната личност која што некогаш сум ја запознал – изјавил Бен.

„“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.